| четврток, 6 декември 2018 |

БЕСА бара од Заев да го разреши Каевски: Премиерот нека докаже дека се грижи за мултиетничкото општество

Движењето БЕСА и нејзиниот претседател, Африм Гаши, смета дека скандалот на објавувањето на збирката песни од Агенцијата за млади и спорт, во која се користи навредлив јазик кон Албанците, не треба да помине без казнување.

– Во спротивно, ќе треба да заклучиме дека и владата го подржува таквото издание. Ако авторот на поезијата се откажува од авторството, ако директорот на Агенцијата за млади и спорт крева рамена дека не знае што случува, оваа е шанса Премиерот да докаже дека тој се грижи за мултиетничкото општество. Инаку, ќе треба да констатираме дека сите тие подржуваат такви т.н. поезии.

БЕСА бара од премиерот Зоран Заев да го разреши од функцијата директорот на Агенцијата за млади и спорт, Дарко Каевски и со што би докажал дека мотото „едно општество“ не бил само блеф за политички поени.

Според БЕСА, разрешувашето на Каевски ќе служи како лекција и за сите други. Оттаму велат дека доколку Каевски не поднесе оставка, барем од морални причини, тогаш тој треба да биде разрешен од политички причини.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top