Нa 3 април (вторник), со почеток во 19 часот, во просториите на Даут пашиниот амам, ќе се одржи предавање со прошетка низ изложбата на Борко Лазески со историчарот на уметност проф. д-р Кирил Пенушлиски.
На истото, публиката ќе може директно да се запознае поблиску со делото и творештвото на големиот Борко Лазески, и во интеракција со д-р Пенушлиски и да дознае нешто повеќе за авторот.
Во текот на следната недела се затвора изложбата на Борко Лазески, која во изминатите две месеци беше поставена во Националната галерија на Македонија, објект Даут пашин амам. Како своевиден „шлаг на тортата“ ќе биде предавање на д-р Кирил Пенушлиски на кое публиката ќе може по непосредно да дознае за делото на овој голем автор.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Предавање „Ритамот и звукот на Африка“ во Музеј на Македонија
-
„Африканскиот колонијализам и воајеризам: разликата како спектакл“ – предавање на Илина Јакимовска во Музеј на Македонија
-
Предавање на Лиса Нојберг во МСУ
-
МСУ: Предавање на Рикардо Пасони, директор на Галеријата на модерна и современа уметност во Торино