| четврток, 6 декември 2018 |

ВМРО-ДПМНЕ донесе одлука: Пратениците се враќаат во Собрание и ќе бараат гласање недоверба на Владата (видео)

Извршниот и Централниот комитет на ВМРО ДПМНЕ вечерва одлучи пратениците да се вратат во Собранието, информираше партискиот лидер Христијан Мицкоски.

ВМРО ДПМНЕ ќе поднесе интерпелација за работата на Владата, веднаш по враќањето.

-Оваа влада е најнеспособна од независноста на Македонија. Криминалот и корупцијата станаа заштитен белег на оваа Влада и мора да си одат. На надворешен план водат штетна политика без резултати, а на внатрешен план политика без концепт и сериозна идеја, рече Мицкоски.

Партискиот лидер рече дека биле прифатени нивните забелешки и потврди дека при крај се преговорите со СДСМ за реформските закони.

Мицкоски потенцира дека ВМРО ДПМНЕ ќе бара писмена гаранција и ќе ја следи имплементацијата на овие закони со активно учество во Собранието.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top