
Големото дерби на македонскиот фудбал не ги оправда очекувањата, откако Пелистер и Вардар одиграа меч за заборав, кој на крај заврши со непопуларно реми од 0-0.
Публиката на стадионот „Тумбе Кафе“ речиси и да не виде ниту еден фудбалски момент, па затоа она што ќе биде запаметено од ова дерби ќе биде краткиот инцидент кој изби во последните мигови од мечот, во кои покрај фудбалерите учествуваше и еден навивач од трибините.
По настанатата мешаница на теренот полуголиот навивач на Пелистер влета на теренот, но за среќа не се упати кон фудбалерите, туку на спротивната страна од стадионот од каде им избегна на полицијата која го бркаше.
Инаку македонскиот првак Вардар одигра реми на гостувањето кај битолски Пелистер (0-0), а пред финишот на мечот, имаше спорен момент, откако фудбалер на гостите беше фаулиран во шеснаесетникот на домашните, но судијата не покажа на белата точка.
Максим Максимов имаше контакт со голманот на пелистерци, Илче Петровски, но судијата Фатон Мустафи заедно со своите помошници оцени дека нема елементи за најстрога казна. Фудбалерите на Вардар тоа го примија со негодување, па во еден момент изби и инцидент меѓу фудбалерите.
По едноминутен прекин, за среќа, ситуацијата се смири, а натпреварот заврши со најнепопуларниот фудбалски резултат.
Извор: Гол
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)


