Друштвото на писателите на Македонија со огорченост ја отфрла апсурдната одлука на Комисијата за верификација на фактите со која писателот Славко Јаневски е прогласен за соработник на тајните служби.
Друштвото на писателите на Македонија бара одговорност за овој, како што велат, антиуставен чин на Комисијата за верификација на фактите која посегна по една од најсветлите личности на современата македонска литература и култура, надвор од нормите што ги подразбира законот за лустрација. Во спротивно, ДПМ овој чин ќе го толкува како тенденција за бескрупулозно газење и рушење на темелните вредности на македонската национална култура.
„Апсурдно е да се помисли дека дејствувањето на Славко Јаневски во литературата и културата било на штета на развојот на одредени автори и процеси. Напротив, делото на овој писател цврсто е втемелено во основите на современата македонска литература и живо присутно во сите фази од нејзиниот развој, се до крајот на неговиот живот. Од денешен аспект, тринаесет години по смртта на Славко Јаневски, неговото творештво и неговата мисија се уште позначајни како писател и културен деец, како еден од иницијаторите за основање на Друштвото на писателите на Македонија, претседател на македонската писателска асоцијација, еден од првите членови на Македонската академија на науките и уметностите, еден од основачите на Македонскиот ПЕН центар, член на основачкиот одбор на Струшките вечери на поезијата, покренувач на списанија, издавачки куќи и институции од областа на културата. Славко Јаневски е автор на првиот македонски роман и на обемен, разновиден и значаен опус како поет, раскажувач, романсиер, публицист, сценарист и редактор на капитални дела за македонската национална и културна историја. Овие аргументи силно пркосат пред апсурдната и злонамерна одлука на Комисијата за верификација на фактите со која писателот Славко Јаневски е прогласен за соработник на тајните служби“, се вели во реакцијата на Друштвото на писателите на Македонија, испратено денеска до медиумите.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Ванковска: Според Уставот, за одлука за стапување во сојуз или заедница треба 900 илјади гласа „за“
-
ВМРО-ДПМНЕ: Заев денес призна дека ќе се смени и името на сите државни институции, МАНУ, личните карти, пасошите
-
МИОА: Работевме во екстремно кратки рокови и ова беше единствен начин Македонија да биде домаќин на Дигиталниот самит
-
По поништување на конкурсот за класични композиции реакции: Алаѓозовски не смее да биде министер повеќе ниту еден ден!