| четврток, 6 декември 2018 |

Вучиќ за Косово: Намера им е да не доведат до свршен чин!

Претседател на Србија, Александар Вучиќ на денешното отварање на Националниот конвент за ЕУ, што се одржува во рамките на внатрешниот дијалог за Косово, изјави дека пред Србија се две опции кога е во прашање решавањето на косовскиот проблем, но дека најреален е предлогот за опстанок на замрзнатиот конфликт.

– Најголем број од учесниците на внатрешниот дијалог за Косово се залагаа за зачувување на статус кво и зачувување на замрзнатиот конфликт, да почекаме некои подобри времиња, наведе Вучиќ.

Тој додаде дека самиот е против таквото решение и да со текот на времето Србија нема да добие ништо, но затоа другата страна ќе биде во подобра позиција.

Српскиот претседател наведе дека разговорите меѓу Белград и Приштина ќе бидат продолжени, но се уште не се знае како и во кој формат.

– Кога ќе исполнат се што е потпишано, тогаш ќе бидеме подготвени да ги продолжиме разговорите, порача Вучиќ.

Според него целта на Албанците е по секоја цена го освојат северно Косово и да го остварат својот пат кон суверенитет.

– Намерата им е да не доведат до свршен чин, на ист начин како што Хрватска после акцијата „Бура“ не доведе до свршен чин, и да тоа исто се случи во северно Косово- наведе Вучиќ.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top