Новата зграда на Основниот суд Скопје 1 денеска ќе биде официјално пуштена во употреба. Свеченоста, како што е најавено, ќе се одржи напладне во големата сала на која ќе присуствуваат претставници од судските органи во државата и дипломати.
Новиот објект на Кривичниот суд има 25 судници и многу подобри услови за работа.
Изградбата на новата зграда на Кривичниот суд во Скопје почна во мај 2010 година.
Основниот суд Скопје 1 Скопје е основан со Повелба на Президиумот на АСНОМ за устројство на редовните судови во Македонија од 31.03.1945 година. Повелбата претставува прв Законодавен акт на првиот Законодавен орган создаден во текот на НОБ, со кој се утврди постоењето на 25 општински судови, три обласни суда и Врховниот суд на Македонија.
Во својот почеток овој суд бил сместен во бараки кои се наоѓале од спротива на Градежниот факултет во Скопје и пазарчето „Буњаковец”, каде останува се до 1972 година кога се преселува во сегашните простории на булевар „Гоце Делчев” б.б.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.