
Судскиот совет на Република Македонија на денешната седница со 11 гласа „за“ и два „против“ го избра Иван Џолев за претседател на Основниот суд Скопје 1. За ова место се кандидираа судиите Владимир Панчевски, Ивица Стефановски, Верка Петковска, Осман Шабани, Ѓоко Ристов и Весна Димишкова.
Судијата Оља Ристова ја повлекла кандидатурата за претседател на Скопскиот кривичен суд, информираа на седницата на Судскиот совет. Претходно беше констатирана оставката на в.д. претседателот на Скопскиот кривичен суд Стојанче Рибарев кој, како што беше речено на седницата, оставката ја поднел поради здравствени причини, односно хируршка интервенција.
Советот денеска ќе ги рагледа и оцени извештаите за работата на судовите за третото тримесечје од годинава.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


