| четврток, 6 декември 2018 |

Граѓани револтирани од одлуката на СЈО спонтано се собираат пред Кривичниот суд (ВО ЖИВО)

Повеќе стотици граѓани вечерва спонтано излегоа пред Кривичниот суд за да го искажат својот револт од одлуката Специјалното јавно обвинителство (СЈО) да покрене обвиненија против функционери на ВМРО-ДПМНЕ и да бара притвор за раководството на партијата. Граѓаните се собираат во знак на поддршка на ВМРО-ДПМНЕ, револтирани од селективниот и непрофесионален пристап на СЈО кое од првиот до последниот ден од своето постење води политичка хајка против партијата.

Засега во судот нема никој, но се забележува засилено полициско обезбедување околу зградата. Граѓаните негодуваат пред фотоапаратите на нашите фоторепортери, велат стравуваат од реваншизам на власта.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top