| четврток, 6 декември 2018 |

Штипските студенти: Нема да дозволиме балистички униформи (ВИДЕО)

Тука сме собрани без партиска позадина, не има од сите партии и сите идеолошки правци, но сите сме застанати во одбрана на Македонија и нема да дозволиме да се промени името, ниту ќе дозволиме двојазичност.

„Стоиме рамо до рамо, во одбрана на полицајците и сите припадници на безбедносните сили. Нема да дозволиме балистичките амблеми да бидат поставени на униформите на нашите бранители. Нема да дозволиме амблемите на оние кои ги масакрираа нашите бранители да бидат обележја“ – рече говорникот на протестот на студентите во Штип.

Организаторите објаснија дека организацијата е нивна, а единствени кои им помогнале биле луѓе од дијаспората.

„Им се заблагодаруваме на нашите браќа од дијаспората за помошта која ни ја дадовте“ – рече говорникот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top