| четврток, 6 декември 2018 |

В недела „Априлијада 2018 – Скопје се смее“ на плоштадот Македонија

Детски културен центар Карпош и Град Скопје в недела, на 1 април, од 11 до 13 часот на плоштадот Македонија, организираат детска журка „Априлијада 2018 – Скопје се смее“, за сите градинки, училишта и деца од градот Скопје и од околината.

Во дневниот дел од забавата со маски, принцезите, самовилите, кловновите и сите ликови од цртаните филмови ќе ги забавуваат секцијата за модерен балет и фолклорната секција на ДКЦ “КАРПОШ“, Мина Блажев, Златно славејче и танцови групи од основните училишта од Скопје.

Ноќната забава ќе почне во 20 часот, а на Плоштад Македонија ќе настапат: ВИС-Аманет (вокално инструментален состав), Александар Митевски, Влатко Илиевски, Александар Тарабунов, Трио „Шербет“, Елита Зибериж и Група – „Live Band”, а на крај ќе настапи и диџеј.

Детски културен центар Карпош со конкурси ги повика основните училишта да учествуваат во манифестацијата и да се натпреваруваат за најубава маска и карикатура, за коишто ќе им додели вредни награди и дипломи. Во вечерниот дел од манифестацијата на бината ќе продефилираат учениците од средните училишта со групни маски, а учесниците во најдобрата групна маска ќе добијат и вредна награда.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top