| четврток, 6 декември 2018 |

Невидена детска журка на скопскиот плоштад за први април

aprilijada

Детскиот културен центар „Карпош“ и Град Скопје утре, на први април (вторник) во 11 часот на плоштад Македонија, организираат невидена детска журка „Априлијада“ под мотото: „Скопје се смее“.

Журката се организира за сите училишта, градинки и деца на град Скопје, со маски, кловнови, балони, песнички, игри, забава со фолклорната секција на ДКЦ „Карпош“, „Златно славејче“ и танцови групи од основните училишта од Скопје и околината.

Вечерта, од 21 часот на истото место ќе има ноќна забава со Драган Мијалковски, Александар Митевски, 4 Strings, Коста Костовски, Sax & Sex, Александар Белов, Елена Миленковска, а за крај Диџеј Бабура. Водители на забавата Марија Петровска  и Антонио Димитриевски.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top