| четврток, 6 декември 2018 |

Априлијада – Скопје се смее (видео)

По повод Денот на шегата 1 Април, на плоштадот „Македонија“ се одржа традиционалната манифестација „Априлијада – Скопје се смее“.

Во организација на Детскиот културен центар „Карпош“ и Град Скопје претпладне од 11 часот беше организирана забава за деца од градинките и од основните училишта. Настапија  фолклорната секција на ДКЦ „Карпош“, „Златно славејче“ и танцови групи од основните училишта.

Вечер од 21 часот, пак, на плоштадот ќе има ноќна забава и маскенбал, со настап на музичари, како Коста Костовски, Кристина Арнаудова, Сашо Гигов-Гиш, Александар Тарабунов, Лаура Крлиу, Биљана Дабеска, групата „The Noise Makers“, етнобендот Пиреја, а на крајот посетителите ќе ги забавува диџеј.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top