Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, им порача денеска на приштинските власти дека може да продолжат да се силат, но тие ќе гледаат да го чуваат мирот и штитат стабилноста.
Вучиќ, одговарајќи на прашањето по повод изјавата на косовскиот претседател Хашим Тачи дека војската на Србија може да влезе на Косово, но дека војниците нема да се вратат,како и дека на Харадинај потребен му е северот на Косово, рекол дека нема што да каже ново и дека ги знае нивните желби и намери.
-Тие се големи, моќни и јаки, како и нивните спонзори, а ние сме мал народ и можат да не тепаат, можат се и за тоа имаат поддршка од западната јавност. Замислите што би било ако некоја НВО повикала некое официјално лице на Косово, а ние би упаднале на тој собир и би го истепале- рекол Вучиќ.
-Само тие нека се силат, ние ќе гледаме да го сочуваме мирот и стабилноста – нагласил тој.
Вучиќ истакнал дека главната цел на приштинските власти е завземање на северот и дека ги разбира зборовите на Харадинај.
-Тие се прес,метале, ги видов и студиите за Грачаница, во која Албанците стануваат мнозинство. Така на пример во Ново Брдо, Албанците веќе за една гоидна стнуваат мнозинство. Нивните цели не се голема тајна. нивна цел е завземање на сверот-подвлекол Вучиќ.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Вучиќ: Го победивме Косово, благодарам и на Македонија
-
Српски медиуми: Од Вучиќ бараат прогласување окупација ако Косово добие војска
-
Вучиќ: Ветувањата од Европа не му беа привлечни на македонскиот народ
-
Вучиќ за предупредувањето на Јункер: Можеби е претерано дека „тлото на Балканот е сеуште погодно за воени судири“, но не би ја исклучил можноста