„Животот“ на СДСМ, донесе неживот за граѓаните. Сето она што беше направено и регистрирано како економски напредок во времето на ВМРО ДПМНЕ, сега е поништено и уназадено Економијата наместо да расте, стои во место, а во некои сегменти и назадува. Нема нови работни места, многу луѓе останаа без работа, нема покачување на платите и пензиите. Нема капитални инвестиции, нови патишта, нови училишта, нови градинки, нема ниту субвенции за земјоделците, ниту пак повисока социјална помош. Се на се, стандардот незапирливо паѓа, потпомогнат од растечките цени на сите производи, а најмногу од растот на вредноста на потрошувачката кошница. Освен што актуелната влада не донесе подобри денови за граѓаните досега, најавува дека иднината на сите нас ќе биде уште полоша и посиромашна. На тоа упатуваат честите задолжувања (за само 3 месеци за 566 милиони евра, што значи задолжување на секое семејство за 1.200 евра), но и непопуларните економски мерки, како што е зголемување на акцизата на дизел горивото, но и најавата за раст на даночната стапка од 10 на 18 отсто за приходи од над 1.000 евра.
-Со ова зголемување на даночната стапка директно ќе се наштети на младите фриленсери, оние што заработуваат од ИТ-технологијата, а Македонија може да се пофали дека има млади што се вистински експерти во оваа област. Не е случајно зошто ИТ-технологијата е развиена во Македонија. Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ имаше голем број мерки со кои се субвенционираа ИТ-вештините. А што направи СДСМ на ова поле? Мерката „обука на напредни ИТ-вештини“ може да се претстави како една од најуспешните владини мерки на претходната власт, а СДСМ одлучи да ја укине. И, како да не е доволно тоа што немаат никакви мерки за младите информатичари, програмери и популарните фриленсери, СДСМ одлучи и да им ги зголеми даноците– вели Александар Николски во својата колумна за Независен.
Освен тоа пензионерите извисија. Тие во аптеките не можат да си ги најдат ниту потребните лекови, поради лошата здравствена политика на оваа власт, а не добиваат ниту зголемувањето на пензијата, кое за време на претходната власт редовно им легнуваше на сметка и колку толку им го олеснуваше животот. Растечките животни трошоци на тој начин многу лесно ги „јадат“ месечните приходи и на пезнионерите и на вработените.
Официјалните податоци покажуваат дека економијата во време на владеењето на ВМРО ДПМНЕ во периодот од 2013 до 2016 година бележи раст. Во 2013 година растот изнесуваше 2,9 отсто, во 2014 растот беше 3,6 отсто, а во 2015 годишниот раст на економијата достигна дури 4 отсто. Станува збор за резултат на одличните економски мерки преземени од владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ, која успеа во моменти на тешка политичка криза креирана од СДСМ на нозе да ја крене економијата, но и да обезбеди нејзин раст. И додека во време на претходната власт на ВМРО ДПМНЕ економски напредувавме и бевме пример за сите земји од регионот, кои ни ги копираа сите економски мерки, сега во услови кога регионот бележи раст на БДП и економијата, единствено во Македонија имаме пад на БДП, пад на градежништвото и пад на индустриското производство. За да биде лицемерието уште поголемо, оваа влада инфраструктурните проекти на ВМРО-ДПМНЕ ги прикажува како свои.
-Делницата Градско – Дреново, која ја распиша оваа влада, е само дел од една фаза за која финансиите се комплетно обезбедени од страна на ВМРО-ДПМНЕ. Експресниот пат Градско – Прилеп е започнат уште во 2016 година. Договорот за изградба на експресниот пат Штип – Радовиш е потпишан во декември 2016 година, а сите средства се обезбедени од претходната влада предводена од ВМРО-ДПМНЕ. Сите овие проекти се започнати од ВМРО-ДПМНЕ и сите средства се обезбедени од владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ. Единствен инфраструктурен проект беше неоправданото стопирање на автопатот Охрид – Кичево, автопатот Демир Капија – Смоквица и автопатот Миладиновци – Штип, кој е веќе во напредна фаза на реализација. Апсурдот е уште поголем кога автопатот Демир Капија – Смоквица, кој е завршен за време на ВМРО-ДПМНЕ, десет месеци намерно не е пуштен во употреба- вели Николоски во својата колумна.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Пет причини за падот на вредноста на турската лира
-
Летав 30 метри – поранешниот голман на Каљари раскажува како го преживеал падот од надвозникот
-
Уште сме на почетокот: Проблемите во економијата ќе продолжат да се продлабочуваат
-
Мерките на владата поразителни: Лелеци во текстилната и кожарската индустрија која вработува 40.000 луѓе