| четврток, 6 декември 2018 |

Џек Тејлор постигна 138 поени во еден натпревар

taylor

Џек Тејлор, играчот од кошаркарската колеџ екипа Гринел од Ајова во Америка, верувале или не постигна 138 поени во победата на неговата екипа на натпревар од колеџ лигата над тимот Фејт Баптист Бајбл, со резултат од 179-104.

Џек слободно може да го понесе епитетот на најдобар шутер во Америка, а верoјатно и пошироко. Тејлор од игра шутираше 52 од 108, а од тоа за три 27 од 71. Кога ќе ја погледате статистиката доаѓате до неверојатен заклучок дека самиот шутирал повеќе отколку цели тимови за еден натпревар.

За волја на вистината, екипата на Гринел игра таква кошарка каде се овозможуваат толку шутеви, нивната филозофија е само шутирај. Но сепак 138 поени се премногу.

Со таквата игра порано уште еден играч на овој колеџ постигна 89 поени што сепак не е ни блиску до рекордот на Тејлор.

httpv://www.youtube.com/watch?v=FuheCq4gn6A

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top