Припадничката на единицата РОСА, Маригона Беадини, кој учестувала во апсењето на директорот на Канцеларијата за КиМ, Марко Ѓуриќ, само три дена пред тоа на својот Фејсбук профил ја величала голема Албанија.
Така откако белградските медиуми го објавија нејзиниот идентитет, таа ги изгаснала сите профили на социјалните мрежи.
Последната нејзина објава е од пред три дена, кога објавила фотографија од воин од античко време со натпис Илирија, кој во античко време се користел за западниот дел на Балканот.
Под тој натпис стои и реченицата: Овде сум од почетокот на времето, ќе бидам и кога ќе се заврши!
Имено, екстремистите кои инсистираат на голема Албанија ја заговараат теоријата дека Албанците се потомци на старите Илири, наводно еиднствени староседелци на Балканот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)