Намалени се максималните цени на вкупно 336 генерички и 222 оригинаторни лекови, односно таканаречени иновативни лекови. Намалувањето на максималните цени доведува до намалување и на големопродажните и малопродажните цени на лековите, кои ќе важат од 1. април 2018 година, соопшти денеска Венко Филипче, министер за здравство.
Тој на прес-конфренција објасни дека заштедата кај генерички лекови на годишно ниво изнесува 993 илјади евра, додека кај оригинатори, односно иновативни лекови изнесува 1.388.600 евра или вкупно 2.381.600 евра.
– За компарација, во 2016 година вкупната заштеда кај оригинатори и генерички лекови изнесувала 1.126.000 евра, а во 2017 година вкупната заштеда изнесува 398.315 евра. Со оваа најголема заштеда во лековите досега, граѓаните ќе добијат поевтини лекови и можност за лекување со нови терапии, односно можност за проширување на позитивната листа на лекови. Истовремено, со намалување на болничката цена на лекови ќе се озвозможи зголемување на квалитетот на здравствена заштита – рече Филипче денеска.
Министерството за здравство спроведе годишна ревизија на цените на сите лекови, кои се издаваат на рецепт. Ревизијата на цените на лековите, согласно утврдената методологија е една од мерките во светски рамки за намалување на цените на лековите и нивно одржување во рамките на просекот на цените на лековите во референтните земји. Министерството за здравство направи пресек и анализа на лековите што се намалуваат со оваа ревизија на цените.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)