| четврток, 6 декември 2018 |

Делови од Сопиште, Аеродром, Центар и Чаир утре без струја

Од 9 до 12 часот утре без електрична енергија ќе останат корисниците од улицата „12“ во село Горно Соње, општина Сопиште.

Во периодот од 8 до 9:30 часот без струја ќе бидат корисниците од булеварот „Јане Сандански“ бр. 12, а од 8:30 до 10 часот корисниците од улицата „Ленинградска“, високите броеви кај поликлиниката на МВР.

Без електрична енергија од 8:30 до 15 часот ќе бидат дел од корисниците од улицата „Македонско-косовска бригада“ и приватната трафостаница ТС „Идадија Инженеринг“ во општина Чаир.

Како што информира РЦУК-Скопје, прекините се поради закажани технички зафати во дистрибутивната електро-мрежа.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top