| четврток, 6 декември 2018 |

Верувале или не: Скопје се кандидирало за Зелена престолнина на Европа!

Град Скопје се кандидирал за „Зелена престолнина на Европа 2021“ (European Green Capital). На конкурсот се пријавиле 9 града од европски земји.

Наградите се создадени за да се вреднуваат достигнувањата на градовите во нивните напори да го подобрат квалитетот на живот и животната средина.

Како што е познато, Скопје важи за еден од најзагадените градови во светот.

Скопје ќе ја бие битката со Будимпешта (Унгарија), Каљари (Италија), Дижон (Франција), Лахти (Финска), Лил (Франција), Стразбур (Франција), Тирана (Албанија) и Вастерас (Шведска).

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top