| четврток, 6 декември 2018 |

Странски државјанин одбил да плати паркинг, интервенирала полицијата

Помал инцидент се случи денес, нешто пред 12:00 часот, на паркингот пред охридската Пошта, откако странски државјанин одбил да плати паркинг, пишува „Охридпрес“.

Читатели на OhridPress, испратиле фотографии од настанот, велат дека малку фалело инцидентот да прерасне и во физичка пресметка.

Неофицијално, странски државјанин го паркирал своето возило со украински таблички, и потоа не сакал да плати паркинг. Инцидентот бил спречен со брза интервенција на екипа на охридската Полициска станица.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top