Лионел Меси не можеше да им помогне на своите соиграчи од Аргентина на синоќешниот меч против Шпанија поради ситна повреда, а во неговот отсутво, „гаучосите“ изгледаа како нокаутирани боксери почетници кои едноставно не знаат која им е задачата на теренот.
Шпанската „фурија“ на крајот ја декласираше Аргентина со неверојатни 6:1, а сето тоа од трибините на „Ванда Метрополитано“ беше приморан да го гледа најдобриот играч на гостите кој имаше шоканти реакции по секој примен гол на неговиот тим.
Петтиот и шестиот пристигнаа во период од неполни две минути и со тоа беше решено било какво прашање за победникот, а срамот на теренот едноставно повеќе не можеше да го гледа Меси кој непосредно после последниот гол на Шпанците, ја напушти вип ложата.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)