| четврток, 6 декември 2018 |

Повторно промени во временската прогноза: Погледнете што не очекува…

Променливо облачно време денеска во Македонија со повремени локални врнежи од дожд, на планините со повремен снег. Ќе дува слаб до умерен северозападен ветер, особено вдолж Повардарието.

Утринската температура се движеше од нула до шест степени, а дневната температура од три до 16 степени.

Во Скопје слично време, облачно, со повремени локални врнежи од дожд. Слаб до умерен северозападен ветер. Утринската температура достина до четири степени, а дневната температура до 12 степени.

Убава вест за оние кои едвај чекаат разубавување на времето.

Од четврток ќе има позначителен пораст на дневната температура, што ќе предизвика забрзано топење на снежната покривка.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top