| четврток, 6 декември 2018 |

Тревога на највисоко ниво: Дали Тачи наредил да го понижат Ѓуриќ?

Претседателот на Косово, Хашим Тачи наредил по апсењето на директорот на Канцеларијата за Косово и Метохија, Марко Ѓуриќ да биде доведен во Приштина и да биде влечен по улиците за да го понижат. Ова го пишува порталот „Газета експрес“, повикувајќи се на домашни и меѓународни извори.

Како што се наведува, Тачи претходно во својот кабинет ги повикал неговиот заменик, министерот за внатрешни работи и директорот на косовската полиција, давајќи им инструкции како да постапат на северот на Косово, каде биле успратени елитните единици на полицијата.

Изворот кој присуствувал на состанокот, за порталот изјавил дека Вучиќ телефонски го повикал Тачи и му се заканил дека ќе донесе војска до границата со Косово. По разговорот, Тачи и наредил на полицијата да го доведат Ѓуриќ до Приштина и да го понижат носејќи го како криминалец со лисици на рацете и наведната глава.

Меѓународни претставници за порталот рекле дека постои стравување оти вчерашните настани се сценарио за поделба на Косово.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top