Статуата на единството“ која го прикажува Сардар Валабхбхаи Пател, големиот народен водач кој е познат како „Челичниот човек на Индија“ со своите 182 метри висина ќе биде највисоката статуа на светот кога изградбата на истата ќе биде целосно завршена.
„Челичниот човек“ имал клучна улога во осамостојувањето на Индија и бил првиот министер за внатрешни работи и заменик на индискиот премиер.
„Статуата на единството“ која го прикажува Сардар Валабхбхаи Пател, големиот народен водач кој е познат како „Челичниот човек на Индија“ со своите 182 метри висина ќе биде највисоката статуа на светот кога изградбата на истата ќе биде целосно завршена.
Величествената конструкција ја проектираше архитектонската компанија Michael Graves Architecture & Design.
Покрај тоа што ќе биде скоро двојно повисока од „Статуата на слободата“ во Њујорк, оваа статуа ќе содржи и хотели, центар за посетители, меморијална градина, а километарски патеки и мостови ќе ја поврзуваат со градот Кевадиа.
„Статуата на единството“ моментално е во фаза на изградба и лоцирана е на островот Саду-Бет, околу 3,5 километри јужно од браната Сардар Саровар, во округот Нармада во Гујарату.
Проектот го предводи актуелниот премиер на Индија, Нарендра Моди, кој сака да ја истакне улогата на Пател во борбата за независност на земјата. Планирано е изградабата да биде завршена до крајот на 2018 година.
taratur.com
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)