ОВЕН
Ти си личност која нема проблеми со самодовербата, но понекогаш не знаеш кога е доста. Ти си од оние кои бессрамно ќе флертуваат со секое момче во собата кое ти се допаѓа, а тоа може да има и свои предности. Но следен пат подобро насочи се кон едно момче и насочи ја целата таа енергија кон него. Ќе успееш.
БИК
Ти веруваш дека патот за да го освоиш момчето е преку неговиот стомак и не се откажуваш од таа замисла. Како предлог за состаноци секогаш бираш ресторани, пица барови и се обидуваш да дознаеш што е можно повеќе за неговиот вкус. Помниш дури и кој пијалок го бира со одреден вид на храна. Кога ќе почнеш со некоја идеја тешко се откажуваш, па се надеваме дека твоето момче е вистински гурман.
БЛИЗНАЦИ
Близнаците се двоен воздушен знак и често се чувствуваат како две личности. Во присуство на симпатијата се правиш незаинтересирано и најверојатно флертуваш со целосно наважна личност, се со цел да придобиеш поголемо внимание кај избраникот. Момчето ќе мора навистина многу да се потруди околу тебе за да му ги признаеш своите чувства.
РАК
За ракот целосно да се отвори потребно е многу време и да чувствува голема сигурност од страна на саканата личност. Ти си срамежлива личност која на забавата седи сама, пишува дневник или песна на саканата личност. Некогаш е во ред да го направиш првиот чекор. Треба да го знаеш тоа.
ЛАВ
Ти знаеш се за личноста која ти се допаѓа, но тоа си го дознала преку социјалните мрежи. Во реалноста немаш храброст да му пријдеш. Ти си од тие кои со едно око го гледа симпатијата, а со другото гледаш во мобилниот и пишуваш на другарката и бараш совети. Пријди му, јави се.
ДЕВИЦА
Ти си личност која нема проблеми со самодовербата, но понекогаш незнаеш кога е доста. Кон симпатијата се однесуваш како и кон другарите. Тешко е некој да те прочита дали го набљудуваш како другар, како колега…
ВАГА
Ти мечтаеш за врските. Дури и кога не си во врска ти имаш испланирано цела една индина. Главата секогаш ти е во облаци и секогаш си замислена. Иако мислиш дека твоето однесување е неприметно, тој се знае.
СКОРПИЈА
Таинствена и интровертна, тоа е Скорпијата. Твоите емоции ретко може да се прочитаат, тоа е проблем дури и за најблиските. Мора да бодеш малку поотворена и директна кон симпатијата, за да знае што чувствуваш и кој чекор да го превземе.
СТРЕЛЕЦ
Ти си друштвена личност и не ти е тешко да го направиш првиот чекор. Меѓутоа, твоите шеги и вицови тој не ги сфаќа на прав начин. Иако тоа е твојот начин за да му се доближиш, тој те гледа како парнер. Употреби ја својата женствена страна.
ЈАРЕЦ
Кон симпатијата се однесуваш како и кон другарите. Сакаш да дознаеш што е можно повеќе детали за него, да дознаш што сака, каква музика слуша… Не се заљубуваш наеднаш. Тешко е некој да те прочита дали го набљудуваш како другар, како колега… Меѓутоа и на тебе тоа не ти е јасно. Многу ги анализираш работите пред да се одлучиш на акција.
ВОДОЛИЈА
Ти си најповлечената личност во собата и флертуваш на многу чудни начини. Зборуваш за вонземјани, временски непогоди… Пронајди некои сличности со симпатијата и започни некои други теми.
РИБИ
Секогаш чекаш тој да го направи првиот чекот и да продолжи со следниот. Ти го пратиш и често ги менуваш своите планови поради него. Кога е во твоја близина се согласуваш со неговите тврдење и покажуваш заинтересираност да поминеш време со него. Покажи малку автентичност.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.