| четврток, 6 декември 2018 |

Овие пет хороскопски знаци секогаш го добиваат она што го сакаат

Доколку сте родени во еден од следните хороскопски знаци, тогаш дефинитивно знаете како да го добиете она што го сакате.

Риби

Рибите се склони кон вешто манипулирање, со што незабележливо ќе ви се “вовлечат под кожа” и за краток рок ќе го добијат она што го наумиле од вас. Поради вродената лукавост, нема ни да забележите дека сте изманипулирани.

Девица
Одлучноста која ја поседува овој знак честопати се толкува како злоба. Меѓутоа, нивната склоност кон заповеди не е злонамерна, а со заповедувањето и критицизмот, Девиците секогаш пронаоѓаат начин како да го добијат она што го посакуваат.

Вага

Вагите се големи перфекционисти и не застануваат се’ додека работите не бидат онака како што тие посакуваат. Токму поради тоа, Вагите често важат за напорни личности, меѓутоа тие не се грижат за ваквите работи.

Овен
Лицата родени во знакот Овен се лидери по природа, и освен своите, тие успешно ги решаваат и туѓите проблеми. Секогаш мора да имаат се’ под контрола.

Шкорпија
Доколку има потреба од тоа, Шкорпиите ќе прегазат се’ на патот до успехот. Тие немаат огромно трпение за другите па сe’ прават сами бидејќи единствено така се задоволни од исходот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top