| четврток, 6 декември 2018 |

Пет хороскопски знаци кои повеќе трошат отколку што заработуваат

Колку и да се обидуваат да заштедат пари, овие знаци од зодијакот не можат да одоволат на удобниот живот.

Стрелец

Стрелците работат многу, па не им е тешко да заработат пари, но имаат проблем со чувањето на парите. Ако посакаат да одат на авантура или некој излет, не ни прашуваат за цената или трошоците, тие ќе го направат тоа. Состојбата на сметката секогаш се обидуваат ментално да ја следат, но неретко непријатно се изненадуваат кога ќе видат колку навистина потрошиле. Никогаш не размислуваат за долговите, сметките, месечните трошоци. Тие одамна одбрале – попрво ќе имаат безброј авантури, отколку голема банкарска сметка.

Водолија

Водолиите не можат да одолеат на новата технологија. Тие се во онаа група на луѓе кои цела ноќ чекаат на ред пред за да го купат најновиот мобилен телефон или игра. Истражувале и одлучиле што сакаат и само чекаат тоа нешто да излезе на пазарот. Попрво би имале нов лаптоп отколку сметка за штедење и иако поминуваат низ период кога се обидуваат да заштедат и се однесуваат одговорно, недоследни се и во првата прилика тие заштедени пари ќе ги потрошат на нова играчка.

Лав

Лавовите се внимателни со парите и секогаш имаат малку заштедено. Нивниот проблем настанува кога сакаат да и поклонат нешто на саканата личност. Лавовите купуваат најубави подароци, а често тие се многу скапи. Тие трошат многу пари и на себе зашто тешко е да се купи поевтина верзија од некој производ. За нив само најдоброто – најдобар квалитет, најдобра марка, без обѕир на цената.

Смешно им е кога некој ги карактериза како екстравагантни, тие веруваат дека самите себе треба да се третираат како кралеви и ќе потрешат онолку кошто треба за да се задоволат себеси.

Вага

Вагите се многу дарежливи, но само за да му се допаднат некому. Се обидуваат да заштедат, но некако секогаш излегува да мораат да платат нешто. Ако е крај на месецот сметката на Вагата е горе-долу празна.

На Вагите, парите нема да им купат среќа, но тоа е добар почеток.

Близнаци

Близнаците со парите навистина имаат две страни. На една страна се многу одговорни и заработените пари ги чуваат за во иднина, но во еден момент се појавува „коцкарот“ во нив и не знаат што попрво да направат со парите.

Коцкарската страна на Близнаците сака брзо да заработува, вложува пари у несигурни проекти или дури и би се обложувал во надеж дека ќе се збогати преку ноќ. Одговорната страна се обидува да ја држи другата под контрола и тоа ќе и успева некое време, до моментот додека не се појави можност за брза заработка.

Во најдобар случај Близнаците ќе купат грепка или ќе отидат во обложувалница, а во полош случај се подготвени да вложат се што имаат на работи кои ветуваат многу, но имаат мали гаранции.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top