| четврток, 6 декември 2018 |

Илчо Ѓоргиоски уште четири години на чело на ФФМ

Актуелниот претседател на Фудбалската федерација на Македонија Илчо Ѓорѓиоски денеска на Изборното собрание во Охрид доби мандат во траење од четири години.

Ѓоргиоски доби едногласна поддршка за да продолжи да ја води ФФМ. За него гласаа сите присутни 91 делегат без ниту еден глас против или воздржан.

Ѓорѓиоски на чело на ФФМ дојде минатата година преку Вонредно собрание на местото на Хари Хаџи-Ристески.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top