| четврток, 6 декември 2018 |

Мукоски, Василески и Чавков одат во домашен притвор, одлучи Врховниот суд

Врховниот суд на Република Македонија донесе одлука по предметот Вкж1.бр.6/2018, во врска со настаните во Собранието на Република Македонија на 27 април 2017 година.
За сите осомничени се укинуваат точките 2 и 3 од член 165 од Законот за кривична постапка, како основ за продолжување на мерката притвор и куќен притвор, соопшти Врховниот суд.

За осомничените К.М., С.В., М.Ч., М.П., Д.Л., Г.Ѓ., О.П. и М.П. мерката притвор се заменува со мерка куќен притвор.

Осомничените З.С., Г.А., И.С., В.Т. и В.М. остануваат во притвор.

За осомничените Љ.Д., Ј.Т., Е.Д.Б. и И.Д. за кои била определена мерка куќен притвор, истата се укинува и се определуваат мерки на претпазливост да се јавуваат еднаш неделно во основниот суд на чија територија имаат живеалиште.

За осомничените С.М., М.М. и С.М. мерката куќен притвор останува, се додава во соопштението од Врховниот суд.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top