
Пратеникот Чедомир Саздовски е последниот доказ дека политиката на политичарите им носи и убави, но и тешки моменти во кои што на испит ги ставаат угледот, честа и доблеста, анализираше неодамна телевизија Алфа.
Саздовски кој по локалните избори од опозиција стана дел на владеачката коалиција, во ноември минатата година беше исклучен од членство во партијата ГРОМ, која е дел од опозициската коалиција „За подобра Македонија“, а преку која тој влезе во парламентот. Саздовски вчера стана член на Централниот одбор на СДСМ.
Саздовски до 2012 година беше член на СДСМ, а во ноември минатата година гласаше за заклучокот со кој собранието одлучи дека има потреба од носење на закон за јазици, со кој албанскиот ќе стане втор официјален јазик на територија на цела држава.
За разлика од сега, Саздовски претходно остро ја напаѓаше идејата за воведување на двојазичност и најавуваше дека СДСМ не може да натера никого да прифати албански како втор службен јазик.
Во истата прилика пред парламентарните избори Саздовски обвини високи функционери на СДСМ дека краделе од европските фондови што ги користела Македонија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)


