| четврток, 6 декември 2018 |

Есма прогласена за Национален уметник 2013

Кралицата на ромската музика, Есма Реџепова Теодосиевска е прогласена за Национален уметник за 2013 година. Титулата и ја додели министерката за култура Елизабета Канческа Милевска, а како награда, до крајот на животот ќе добива месечен надомест од 60.000 денари.

– Есма Реџепова-Теодосиевска во последните децении се етаблираше во сите европски и светски центри и ја промовираше македонската култура во меѓународен контекст. Во текот на своите 55 години активно музицирање, учествувала на врвни музички фестивали и манифестации низ светот, со што даде голем придонес во афирмирањето на македонската култура и традиција надвор од нашата држава, рече министерката Елизабета Канческа Милевска.

За време на својата 55-годишна кариера, Есма Реџепова-Теодосиевска има остварено повеќе од 12.000 солистички концерти во Република Македонија и надвор од неа. Во дискографијата на Есма Реџепова-Теодосиевска се наведени 15 албуми за домашни и странски продуцентски куќи, а остварила соработка со еминентни музички светски имиња.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top