| четврток, 6 декември 2018 |

Канческа-Милевска: Потребни се заеднички ставови кога се работи за државни интереси

Многу е битно сите да го разгледаат овој патоказ, сите да дадат одговор на прашањата кои се поставени во патоказот. Многу е битно да имаме заеднички став по однос на овие прашања, изјави во Отвореното студио на ТВ Нова Елизабета Канческа-Милевска, член на извршен комитет на ВМРО-ДПМНЕ и пратеник во Собранието на РМ.

-Социјалдемократскиот сојуз, како што слушнав, веднаш го отфрли овој патоказ. Мислам дека сите треба заеднички за седнеме, да поразговараме, да донесеме заеднички став, бидејќи се работи за државните и националните интереси на нашата држава – рече Канческа-Милевска.

-Кога станува збор за државни и национални интереси, мора да имаме заеднички став по однос на сите овие прашања, децидна е Канческа-Милевска.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top