Сето ова што го направи СДСМ е еден вид државен удар на сопствената држава. Има една изрека: „На лагата ѝ се кратки нозете“. Тоа и го гледаме во парламентот денеска кога се исчита целата платформа, изјави членот на извршен комитет на ВМРО-ДПМНЕ Елизабета Канческа-Милевска.
Канческа-Милевска вели дека не може по избори да се изнесува документ со кој се руши суверенитетот и интегритетот на државата.
-Не можете вие да одите на избори и после избори да изнесувате еден документ, платформа којашто е донесена во друга држава, со којашто платформа се руши суверенитетот и интегритетот на сопствената држава и сопствените граѓани. Тоа е државен удар, просто и едноставно кажано – рече Канческа-Милевска.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.