Издавачката куќа „Антолог“ од Скопје со огромно задоволство го најавува објавувањето на романот „Пасија по Г. Х.“ од бразилската писателка Кларис Лиспектор, која Орхан Памук ја нарече „една од најтаинствените писателки на дваесеттиот век“, а американскиот писател и критичар Бенџамин Мозер ја смета за најважна писателка со еврејско потекло по Франц Кафка. Преводот на македонски е на Виолета Јагев.
„Пасија по Г. Х.“ е роман со едноставна приказна. Г. Х. e скулпторка што живее во богат кварт во Рио де Жанеиро. Дента кога ја отпушта слугинката и влегува во нејзината соба за да ја среди, здогледува лебарка што лази на подот. Згрозена и во паника, ја затвора вратничката од отворениот шкаф и притоа ја преполовува лебарката. Глетката на инсектот што умира кај неа поттикнува внатрешен дијалог што ја води кон длабоки размислувања за своите чувства, стравови, неспокојства, а просторот го претвора во мал амфитеатар на философски преосмислувања. При крајот на романот, на врвот од внатрешната криза, ќе биде опишана најпознатата и најшокантната сцена во бразилската книжевност.
Делото е создадено во тешки моменти во животот на писателката, период кога се разведува од сопругот и открива дека синот страда од шизофренија.
Книгата е објавена со поддршка од Министерството за надворешни работи на Бразил, во соработка со Фондацијата „Национална библиотека“ / Министерство за култура.
Кларис Лиспектор (1920-1977) е бразилска писателка со еврејско потекло, родена во Украина. Се омажила за дипломат и долги години живеела во странство (главно САД и Европа). Се смета дека е една од водечките бразилски писателки на XX век, за што е и меѓународно призната. Нејзина специјалност е расказот, но остави и исклучителни романи. Дел од нив се филмувани.
Книгата ќе виде претставена на Пролетниот саем на книгата во книжарницата „Антолог“ (ул. „Димитрие Чуповски“ бр. 31), кој ќе трае од 21 март до 24 април. Покрај оваа книга, во рамките на овој саем ќе бидат претставени и другите нови наслови од домашни и од странски автори, како и акцијата „3 книги за 300 денари“, која вклучува 200 наслови на попуст до 75 %. Повеќе информации за саемот може да се најдат на официјалниот настан на „Фејсбук“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Промоција на романот „Манастир Фуентерабија“ од Јагода Михајловска-Георгиева во Библиотеката „Браќа Миладиновци“
-
„Бележникот на татко ми“ од најтиражниот писател од Холандија – Кадер Абдолах
-
Смртна казна за познат писател на крими-романи: Злосторството го прераскажал во роман
-
„Антолог“ ја објави книгата „Лисица“ од Дубравка Угрешиќ