Вработебите во Дирекцијата за заштита на лични податоци удрија по генрералниот секретар Игор Кузевски препишувајки му дела „Судир на интереси“, „злоупотреба на службена должност“ и „тргување со влијание“, пишува Макфакс.
Врботените обвинуваат дека Кузевски приватно држел обуки на тема заштита на лични податоци, кои, според нив, може да ги прави и Дирекцијата и да обезбеди дополнителен приход како гарант на самостојноста на институцијата.
Според нив со ваквиот тип на организирање приватни обуки од страна на Кузевски каде слушателите плаќаат, а парите завршуваат во друг џеб, а не во институцијата, генералниот секретар го намалува интересот за обуките што ги организира Дирекцијата и ја намалува можноста за осамостојување.
Информацијата за приватните обуки ја потврдил и самиот Генерален секретар, но смета дека не го нарушил ниту конкурирал на работењето на Дирекцијата. Обуките вели дека биле придружен дел од промоцијата на книгата „Прирачник за заштита на личните податоци“, која тој ја напишал.
-Ја пишував речиси две години и по тој повод имав три настани како промоција на книгата на коишто се спроведуваше обука. Обуката беше со работен наслов ‘ЕУ регулатива за заштита на лични податоци’, но во основа целата обука се однесува на набројување на основните начела во ЕУ. Тоа нема директна па јас би рекол ниту индиректна врска со заштита на лични податоци. Тоа се технички алатки. Предавањето не е во сегментот на лични податоци туку е во врска со промоцијата на книгата и беше инцидентно. Не е нешто што го правам со години. Се случи трипати откако е објавена книгата и нема повеќе, барем така знам. Ако е проблем што поради промоција на книга се одржани три обуки во кои се кажуваат најзначајните сегменти што би ги поттикнале слушателите да направат прилагодувања на својата машина, тогаш…, вели генералниот секретар Кузевски.
Обвинувањата од страна на вработените не запираат тука, тие велат дека Кузевски тргува со влијание оти приватните обуки ги држи не како експерт за заштита на лични податоци туку се претставува како генерален секретар во Дирекцијата.
-Книгата ја напишав во време кога не бев и не сонував да бидам генерален секретар. Напишав книга и во меѓувреме станав генерален секретар. Да речам сега дека не сум генерален секретар би било лажно претставување. Како да се претставам? Само како експерт за заштита на лични податоци? Па тогаш некој ќе ме праша кој ти ја даде титулата експерт, вели Кузевски.
Игор Кузевски извршува три функции во Дирекцијата. Освен што е генерален секретар, тој членува во Комисијата за обуки и назначен е за лице за пријава на неправилности и сомнежи за измами или корупција во Дирекцијата за заштита на лични податоци. Кај него се пријавуваат нерегуларностите во работењето на Дирекцијата па вработените велат дека токму затоа се обесхрабрени да пријават случај поврзан лично за него. На официјалната веб-страница на Дирекцијата Кузевски е единственото лице за пријава на нерегуларности.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)