Комплетно ја реновиравме плажата Калдрма во Нов Дојран, а исчистивме и отворивме простор за две нови плажи во Стар Дојран. Во тек е објава за прибирање на идејни решенија за две нови плажи, едната во должина од 500 метри, а друга 100 метри, кои треба да бидат готови за наредното лето, информираше градоначалникот на Дојран Борче Стамов.
Стамов соопшти дека е ставено во функција ново понтонско пристаниште со капацитет од 16 чамци, вреден 50 илјади евра, финансиран преку Министерството за транспорт и врски, а во соработка со приватен инвеститор во многу кратко време изградено е уште едно ново понтонско пристаниште со капацитет од 30 чамци.
Отворен е и туристичко-информативен центар Дојран, кој во изминатиот период направи категоризација на 220 приватни сместувачки капацитети и работеше на промоција на Дојран.
(Дојран гурман фест)
Досега се реализираа повеќе културни и спортски настани како “Дојран гурман фест”, велосипедската трка “Дојран крос кантри”, летно кино, а имаме и богата програма за Дојранско лето и три поголеми фестивали и концерти поддржани од општината, како Д-фест, Аларм за природата, Фестивал на сладоледот и други.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.