| четврток, 6 декември 2018 |

Kошаркар доживеа срцев удар на сред натпревар (видео)

Овој период за голема жалост е преполн со трагедии во спортот…

По вчерашната трагедија во која фудбалер од третата хрватска лига почина на терен денес ни пристигнуваа нова шокантна трагедија, овој пат од кошарката.

Кошаркарот на Гранд Рапи, Зек Упшав доживеа срцев удар во текот на натпреварот од развојната лига против тимот на Лонг Исланд Нетс.

На една минута пред крајот американскиот кошаркар се сруши на паркетот. Натпреварот беше веднаш прекинат за на несреќнот Зек да му се укаже помош, а после лекарската интервенција е пренесен во болница.

Првите информации говорот дека е во критична состојба и дека лекарите се борат за неговиот живот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top