39 годишен жител на струмичко Сушица завршил во болница откако се обидел физички да ги малтретира членовите на неговото семејство.
Семејната драма се случила вчера околу 21 часот кога Н.С. почнал да ја навредува и да и се заканува со ќотек на сопругата, 33-годишната Д.С.
Сето ова се случувало пред нивниот син, 15 годишниот Т.С. кој повеќе пати бил сведок на семејно насилство. Тој исплашен да не биде повредена мајка му, се обидел да ја заштити така што застанал пред неа. Тогаш, татко му му удрил силна тупаница, а детето исплашено за неговиот и животот на мајка си, зел нож и го прободел таткото во стомак.
Повреден бил пренесен во болница.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


