Јаков Лончаревиќ, кого австралиските медиуми го претставиле како Југословен кој во таа земја се доселил во 1979. година, дошол во центарот на вниманието на тамошната јавност кога било откриено дека 20 години гради атомска скривница во подрумот на својот дом.
Лончаревиќ во 1979. година прво се преселил во Мелбурн, а потоа и во Минџип, на 337 километри подалеку.
Две децении го гради атомскиот бункер, а досега, четири метри длабокиот бункер го опремил со 900 килограми шеќер, 200 килограми ориз и грав, 6.000 литри вода, 40 килограми прашок за алишта, 200 пара чорапи, 200 гаќи, 100 маици и 120 килограми мед. Смета дека има храна за две години престој во бункерот.

Како што вели, за изградба му биле потребни бетон, 40 тони рециклиран челик и 20 тона дрво. Не кажал кога очекува да започне нуклеарна пресметка и кој ќе ја предизвика, но истакнал дека до денес од својот дом изнел повеќе од 40.000 канти земја. Судејќи по се, дошол моментот кога мора да престане со работата на бункерот, бидејќи ја изгубил битката со соседите кои се побуниле по 20 години.
На соседите им здодеало што Лончаревиќ го претвора крајот на нешто налик воен комплекс, па од месниот одбор побарале забрана за продолжение на работата и најавиле остри мерки доколку продолжи со работата и покрај забраната.
Лончаревиќ во некогашната СФРЈ работел како чувар на фабрики во кои биле складирани резерви на плутониум, па веројатно од таму доаѓа и неговата опсесија која довела до тоа да изгради атомски бункер.
точка.мк
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)


