| четврток, 6 декември 2018 |

Долината на тиркизната река: Дали ова е најубавиот европски кањон? (видео)

Долг е околу 25 километри, на поедини места е длабок околу 700 метри, а настанал околу реката Вердон која извира во Алпите и која е карактеристична со својата фасцинантна тиркизна боја.

Mногумина го нарекуваат најубавиот европски кањон.

Од француската ривиера е оддалечен само околу два часа возење, па се наоѓа на листата на често посетени туристички атракции во Франција.

Туристите не само што користат прилика да се повозат со бродовите и кајаците по ова подрачје, туку неговите спектакуларни карпи ги привлекуваат и бројните алпинисти. Тука можете да истражите 1.500 рути на различни должини, но би требало да се напомени дека тие се наменети главно за вештите алпинисти.
Ова подрачје има умерена медитеранска клима, а посебно е убаво во пролет, кога ќе расцветаат цветовите на бадемите, односно во текот на летото, кога аромата на виолетовите цветови на лавандата која се одгледува за фабриката на парфеми во Герас, ќе го преплави подрачјето околу кањонот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top