Америка не сакаше да нè бомбардира во 1999 година, некој друг, кој не беше моќен, го бараше тоа. Америка профитира од условите што ги постави за да ѝ направи услуга на Европа, која самата не можеше да собере војници за интервенција, открива Момир Булатовиќ, во тоа време претседател на Сојузната влада на СР Југославија и еден од најблиските соработници на Милошевиќ.
Во гостувањето во утринската програма на ТВ Хепи Булатовиќ во детали зборува како изгледале деновите и последните часови пред почетокот на бомбардирањето на 24 март 1999 година.

Европа сакала да изврши копнена интервенција во СРЈ и почнала да собира војка за тоа, но не успеала да собере доволно војници, зашто никој не сакал да се јави на повикот, па со помош на Американците, кои рекле дека ќе го сторат тоа, но само под свои услови – ќе бомбардираат од воздух и во никој случај нема да испратат копнени сили, а ако дојде до таков развој, Европејците ќе бидат должни да испраќаат исклучиво свои единици за директни борби на копно.
-Ден пред почетокот на бомбардирањето на 23 март според Уставот прогласив состојба ба непсоредба воена опасност, а утредента и воена состојба. А како се чувствував… Тоа беше еден обичен бел плик од кој го прочитав она што е пропишано со Уставот… Иако очекувавме бомбардирање уште од октомври 1998 и сè се знаеше… беше шок! Првата бомба падна вечерта во 20.06 чадот на Црна Гора и според Уставот прогласив воена состојба, раскажува Булатовиќ.
-По првата бомба одржавме состанок. Состанок на една мала шокирана земја која не знеше каде точно паднале првите гранати. Инаку, тој напад беше противправен, а за тоа беа свесни и Американците… На еден од состаноците со пратеникот Марти Ахтисари, Ахтисари му рече на Слободан дека Србија ќе биде целосно уништена, а Слободан му рече: „Како ќе му објасните на светот дека ќе убиете два милиони луѓе во Белград?“ Ахтисари му одговори со прашањето дали воопшто знае колку луѓе загинале во Виетнам, вели Булатовиќ.
-Долго се држевме и мислевме дека можеме… Но, пред крајот Американците го воведоа стратешкиот бомбардер B-52 и тогаш стана кланица, големи жртви имаше… Павковиќ (генерал Небојша Павковиќ) и јас плачевме додека паѓаа бомбите… Тоа беше сила, се сеќава тогашниот претседател на Сојузната влада на СР Југославија.
Булатовиќ открива како тоа од сите учесници во конфликотот само тој не бил во Хаг.
-Слободан одреди Никола Шаиновиќ да оди во Хаг, а не не јас. Ми рече: „Млад си ти… Нема да одиш ту, туку Никола… И не си Србин, туку Црногорец. Поради ова сите ќе завршиме во затвор и јасно ни е тоа, но остави Никола нека оди наместо тебе…“. После Шаиновиќ требаше да ѝ објасни на сопругата како и зошто токму тој ќе оди во затвор.
Вистината за парчето бела хартија во Дејтон

Булатовиќ раскажува анегдота од мировните преговори во Дејтон.
-Седиме јас, Милошевиќ, Ричард Холбрук и Кристофер Ворен на една маса. Кристофер се насмеа, ни пружи бел лист хартија и ни рече: „Не разборате, нема услови, ќе правите како што ќе ви речеме. Тоа што бараме и секогаш“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)


