| четврток, 6 декември 2018 |

Град со големина на тениско топче – автомобилите уништени (видео)

Доволни се само неколку минути лошите временски услови да направат сериозни штети на автомобилите, дури и кога парчињата мраз се доста мали.

Вакво нешто им се случило на трговците на автомобили во Алабама, каде од небото врз стотици паркирани автомобили со марка Chevrolet, почнал да паѓа град со димензии на тениско топче и направил штета од четири милиони долари.

Да биде уште полошо, „бомбардирањето“ со град траело дваесеттина минути, а од јачината на ударите пукале и стаклата на паркираните возила.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top