Група турски готвачи ја направија најголемата баклава во светот, тешка повеќе од 500 килограми. Баклавата им била послужена на гостите во огромна тепсија на Самитот за гастрономија во Анкара. Мехмет Канбур, кој ја предводел групата од 14 готвачи од цела Турција, рекол дека баклавата е тешка 518 килограми, што е двојно повеќе во споредба со претходниот светски рекорд. Слаткарите на овој „проект“ работеле три месеца. Баклавата била печена во една тепсија широка 2,5 метри и долга 7,5 метри, во посебно изградена печка. Рекордот ќе биде впишан во Гинисовата книга на рекорди.
Најголемата баклава во светот била исечена на 11.800 парчиња.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)