| четврток, 6 декември 2018 |

Уапсен сопственикот на порталот Комуникација.мк под сомнение за измама

boban-nasev

Сопственикот на интернет порталот Комуникција.мк заработил притвор откако бил уапсен од страна на полицијата.

Бобан Насев (31) сопственикот на порталот е уапсен под соменине за сторени неколку кривични дела на измама. Вчера попладево тој бил изведен пред истражен судија во штипскиот суд кој му одредил мерка притвор од 30 дена.

Од МВР потврдија дека е уапсено лице за измама – но повеќе детали ќе има  денес

Насев неодамна го промени името на порталот од Без Пардон во Комуникација.мк

На страницата на комуникација.мк се потврдува оваа инфомација. Воедно ги прашуваат штипскиот градоначалник Илчо Захариев, премиерто Груевски и шефицата на МВР зошто уапсиле уште еден сопственик на медиум. Порталот бара и реакција за ова од Здружението на новинари, Македонската асоцијација на новинари, како и од Синдикатот на новинарите.

komunikacija uapsen print

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top