Се разделија синот на Фијат Цаноски, Сефер и сопругата Лејла, ќерка на Велија Рамковски. Тие беа во брак речиси една деценија и имаат две деца. Веста за разводот за „Репортер“ ја потврдил Сефер.
– Пред една година се разделивме со Лејла со заеднички договор. Среќен сум што останавме во одлични односи со фамилија Рамковски. Имаме две прекрасни деца заедно и тие ни се во фокусот на вниманието, изјавил Сефер.
Тој потврдил и дека има нова свршеница, Сезен Баш, која е Германка со турско потекло, и со која годинава планираат свадба.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.