| четврток, 6 декември 2018 |

Воз удри две македонски државјанки кои биле на одмор во Албанија

Две македонски државјанки се тешко повредени попладнево откако биле удрени од воз кој сообракај на релација Тирана – Елбасан, во туристичкиот регион Шкамби и Кавајес, во моментот кога тие минувале преку шините, јави Макфакс.

Според албанската полиција, македонските државјанки се Славинка Нитрова и Лука Нитроши и двете на 45-годишна возраст. Тие биле на летување во Драч. Нитрова добила тешки повреди и е пренесена на лекување во Воената болница во Тирана, додека, пак Нитроши е хоспитализирана во болницата во Драч.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top