| четврток, 6 декември 2018 |

Прилеп се гуши во смет! Градот не памети ваква нехигиена во последните 12 години! (фотогалерија)

Депонии, купишта ѓубрe и кучиња скитници е сликата која го отсликува центарот на Прилеп. Градоначалникот на Прилеп, Илија Јовановски заедно со локалните институции и понатаму пролжуваат да не ги исполнуваат своите работни обврски.

На само неколку чекори од центарот на Прилеп каде секојдневно поминуаваат стотици граѓани сликата е навистина запрепастувачка. Ова е навистина срамота за град кој се стремеше да се развие во модерна и урбана средина и град кој беше прогласен за најчист град во државата.

Прилепчани не се сеќаваат кога последен пат градот бил во ваков хаос. Жителите велат дека градот бил вака запуштен пред една деценија, кога локалната власт многу малку се грижела за градот.

Додека сегашната централна и локална власт се бореше за гласовите на прилепчани, тие ветуваа брда и долини, многу инвестиции и живот за Прилеп. Наместо подобар живот и подобри услови за живеење прилепчани го добија сосема спротивното.

Граѓаните на Прилеп се загрижени за ова што се случува во нивниот град. Она што беше претходно направено дали и понатаму ќе продлжи да тоне останува да се види.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top