Косовската полиција уапси 13 пратеници од партијата Самоопределување, осомничени дека на три наврати активирале солзавец во парламентот. Пратениците се приведени по налог на обвинителството. Обезбедувањето ги извлекло од салата сите пратеници на Самоопределување, а кон оние кои не сакале да излезат била користена сила.
Тие ги ваделе картичките од масите на пратениците од другите партии за да оневозможат да гласаат за демаркацијата.
Од седницата прво беа уапсени пратениците Џелал Свешла, Фиторе Пацоли, Дрита Милаку, Салих Зиба и Љибурн Алију, а потоа уште осуммина.
Во салата каде се очекува да почне гласањето, од партијата Самоопределување останаа само лидерот на партијата Албин Курти и уште двајца пратеници.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)