Наводите на пратеникот на опозицискaта ДПА Беким Фазлиу од говорницата на Парламентот се тешка клевета, заснована на лаги, реагира министерот за правда Блерим Беџети.
Според него Фазлиу сакал политички поени со нападите и лажните обвинувања. Не негира дека бил во клубот за време на акцијата.
„Единствената вистина дадена во медиумите за мене поврзана со случајот е дека јас бев во тој момент таму и на ниеден начин моето присуство не ја попречи акцијата. Сите други информаци во оваа вест се само „разубавување“ на веста за атракција. Барам од пратеникот Беким Фазлиу да не се крие зад имунитетот во говорницата. Јас како министер ќе се обидам да го решам случајот во целост“, вели во писменета изјава министерот за правда Блерим Беџети.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
МВР потврди: Лице од битолско виновен за оштетените камења на македонско-грчката граница
-
МВР: Добивме потврда од унгарското министерство дека Никола Груевски е во Унгарија и дека побарал азил
-
Кривична пријава за загрозување на сигурноста и ширење ксенофобичен материјал на социјални мрежи
-
МВР не знае колку малолетници се исчезнати во државата: Каква статистика води полицијата за исчезнатите лица?